Connect with us

Фудбал

Алегри: Наполи повторно ќе биде наш најголем ривал

Масимилиано Алегри разговараше со италијанските медиуми за конкурентите за освојување на титулата во Серија А.

Иако Рома и Интер во сезоната влегоа со цел да го запрат Јувентус, се чини дека повторно главен ривал ќе биде тимот на Наполи.

Тоа е точно, Јувентус и Наполи ќе се сретнат викендот и на исходот од средбата, според Алегри, нема да влијае многу во борбата за Скудетото.

“Нашите натпревари се секогаш комплицирани. Што и да се случи во сабота, уште многу натпревари се играат после тоа. Наполи е голем тим, но Анчелоти ја донесе потребната смиреност во неговиот тим. Тие дефинитивно се нашиот најголем ривал за титулата”, рече Алегри.