Други спортови
Алкараз губеше со 5:2, но сепак стигна до полуфиналето
Шпанецот Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на Мастерсот во Мадрид откако во два сета го совлада Карен Хачанов – 6:4, 7:5.
Русинот, моментално 12. на АТП листата, му пружи одличен отпор на вториот тенисер во светот, во вториот сет водеше со 4:1 и 5:2, сервираше за нерешено, но сепак, не ги издржа налетите на домашниот претставник кој го забележа третиот триумф во исто толку меѓусебни дуели.
Во седмиот гем од првиот сет, 19-годишниот Шпанец му го одзеде сервисот на Хачанов, во следниот спаси брејк топка и набрзо поведе со 1-0 користејќи ја третата сет-точка.
¡A dos pasos de proteger el 🏆!
🇪🇸 @carlosalcaraz levantó un 2-5 en la segunda manga para superar a Khachanov en la Caja Mágica.
🎥 @TennisTV | #MMOPEN pic.twitter.com/qxRK1Fw86N
— #MMOPEN (@MutuaMadridOpen) May 3, 2023
Бранителот на титулата во петок ќе го прослави својот 20-ти роденден, а на тој ден ривал во полуфиналето ќе му биде Данијел Алтмајер или Борна Чориќ.
Во преостанатите две четвртфиналиња се среќаваат Јан Ленард Штруф – Стефанос Циципас и Аслан Карачев – Жижен Жанг.