Connect with us

Други спортови

Алкараз незапирлив – Падна и Циципас за трофејот во Барселона

Карлос Алкараз ја одбрани титулата во Барселона, откако во финалето на турнирот од серијата 500 го совлада Стефанос Циципас со 6:3, 6:4.

Тоа е деветта титула за Алкараз во дванаесеттото финале во кариерата, додека рекордот на Гркот во финалињата сега е 9-17.

Циципас тргна подобро, направи брејк за 2:1, но од тој момент на теренот имаше само еден играч.

Алкараз направи рибрејк, а потоа го диктираше ритамот, предизвикувајќи бекхенд грешки на Циципас или брзо завршување на поени по кратките топки на Стефанос.

Карлитос до крајот на мечот не се соочи со ниту една брејк топка. Всушност загуби само десет поени на свој сервис во мечот.

Клучниот брејк го направи во првиот сет во осмиот гем, додека во вториот сет го направи во петтиот.

На крајот, во 78 минута мечот заврши, еден од најдобрите мечеви на Алкараз во сезоната и четврта победа во исто толку меча со Циципас.