Connect with us

Фудбал

Анчелоти откри голема вест за Модриќ: Има напредок…

Карло Анчелоти откри голема вест за иднината на Лука Модриќ (37) на прес-конференцијата по историскиот триумф кај Барселона (4:0) за финалето на Купот на кралот и пред утрешниот првенствен натпревар против Виљареал. На прашањето каква е ситуацијата со Модриќ, Бензема (35) и Крос (33), легенди на времето чии договори со Реал завршуваат за два месеци, тој одговори:

„Има напредок во преговорите. Да, разговараат во клубот за тоа“.

Ова е првпат Реал официјално да ги потврди преговорите со Модриќ. Ова е голема вест, особено за Модриќ, бидејќи досега информациите од сигурни извори велеа дека Реал не му понудил нов договор, ниту го поканил да разговара за тоа. Модриќ, пак, во секое јавно појавување вели дека сака да ја заврши кариерата во Реал иако има раскошни понуди од арапскиот свет.

„Гледам на тројцата великани како што отсекогаш сум ги гледал. Секако, во текот на сезоната има флуктуации во играта на сите, вклучувајќи ги и нив. Не треба да ги судите според нивната возраст, туку според она што го покажуваат на теренот. Можеби веќе ја немаат фигурата на млади мажи, но никој во светот не може да решава големи натпревари како нив. Не можете да купувате такви играчи на пазарот“, вели Анчелоти.

Дали ова значи дека Модриќ и Крос остануваат беше следното прашање, а Анчелоти одговори:

„Мислам дека остануваат, но кога ќе си заминат, ќе имаме подготвени замени за нив. Имаме млади играчи кои исто така ќе ја одбележат ерата на Реал, но поинаку од тоа што го направија Модриќ и Крос“.