Фудбал
Ањели сака натпревари од Серија „А“ да се играат во странство
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, изјави дека клубовите во Италија се отворени за идејата натпревари од Серија „А“ да се играат во странство. Ањели го посочи за пример решението со шпанската Примера дивизија. Пред неколку месеци стана јасно дека еден дуел од шпанскиот шампионат ќе се игра во САД, а според шефот на „бјанконерите“, ова е одличен начин да се добијат дополнителни средства од клубовите.
– Знам дека ова е главна тема во Шпанија. Хавиер Тебас (претседателот на Шпанската фудбалска федерација) работи многу добро во последните години, за да го издигне до нови височини брендот Ла Лига во светот, успевајќи да донесе еден натпревар во САД. Во Италија веќе успеавме да го направиме тоа, но со натпреварот за Суперкупот, што е многу полесно, бидејќи овој дуел е надвор од календарот на првенството. Имаме уште примери со неверојатни натпреварувања како НФЛ или НБА, кои исто така играат натпревари во странство, па ова е тема, за која треба сериозно да размислиме, изјави шефот на Јувентус.