Фудбал
Англичаните го забранија рекламирањето на обложувалниците од 2026/27 година
Клубовите од англиската Премиер лига колективно одлучија дека од сезоната 2026/27. повеќе нема да смеat да носat реклами за обложувалници на дресовите.
Во моментов, дури осум од 20 клубови од елитната дивизија на англискиот фудбал имаат реклама за една од обложувалниците на предниот дел од своите дресови.
„Оваа одлука ја донесовме по поширока дискусија во која учествуваа клубовите, Лигата и владините сектори за култура, медиуми и спорт како дел од тековниот преглед на правилата за обложување“, соопштија од Премиер лигата и додаваат дека соработуваат со други спортови за „развој на нов код за спонзорство за одговорно коцкање“.
Британската влада моментално работи на нова регулатива која ќе го регулира обложувањето.