Connect with us

Фудбал

Балотели направи нешто што никогаш не го немал направено во неговата кариера

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели неодамна беше мета на жестока критика, бидејќи има проблеми со вишокот килограми.

Балотели на касно му се придружи на Ница, а Роберто Манчини го отстрани од италијанскиот тим за натпреварот со Португалија, бидејќи беше јасно дека има вишок тежина. Италијанскиот напаѓач навистина не ги сакаше овие приказни и очигледно реши да направи нешто во врска со тоа.

Француските медиуми ова утро известија дека Балотели ги шокираше лидерите на Ница, бидејќи ова утро тој првпат се појави на тренингот. Балотели беше последен на тренингот, но во изминатите неколку дена тој е прв во кампот на клубот, а утрото сите ги шокираше со доаѓањето во 7:30 часот.

Тие рекоа дека биле позитивно изненадени од однесувањето на Балотели и се очекува дека за брзо ќе биде во конкуренција за натпреварот. Тренерот, Патрик Виеира изјави дека Балотели е многу потребен, но дека ќе се врати во тимот кога е целосно ќе биде подготвен за тоа.