Кошарка
Батлер побара дозвола од Минесота да го напушти клубот
Кошаркарот на Минесота, Џими Батлер го извести менаџерот на клубот дека сака да го промени тимот.
Како што објави ЕСПН, играчот комуницирал со главниот тренер Том Тибодо и побарал од него да биде пуштен во друг клуб.
Според изворот, главните опции за продолжување на кариерата за Батлер се Бруклин, Њујорк и Лос Анџелес Клиперс.
Батлер кој има да одработи само уште една година од договорот со Минесота, сака да ја смени средината поради затегнатите односи со некои соиграчи.