Connect with us

Фудбал

Биелса ја презема репрезентацијата која разочара на Светското првенство

Аргентинецот Марсело Биелса наскоро треба и официјално да биде претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. Откако на крајот на минатата година беше елиминиран во групната фаза на Светското првенство, Уругвај му се заблагодари на поранешниот селектор, 47-годишниот Диего Алонсо. Во групата Уругвај беше само пред Гана, но и зад Португалија и Јужна Кореја кои се пласираа во осминафиналето.

После тоа Уругвај бара селектор, а тоа многу брзо би требало да стане искусниот 67-годишен Биелса. Веќе постои вербален договор меѓу Биелса и Уругвајскиот фудбалски сојуз. Биелса во својата кариера раководеше со две јужноамерикански репрезентации, Аргентина и Чиле.

Работеше и во Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио и Лил, додека последната работа му беше во Лидс, каде беше тренер од 2018 до 2022 година.