Connect with us

Фудбал

Бразил има нов капитен

Репрезентацијата на Бразил има нов капитен. Касемиро ја презеде траката од долгогодишниот лидер Тиаго Силва, кој се повлече од националниот тим по Светското првенство. Новиот тренер Рамон Менезес смета дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед е најдобриот избор за наследник на Силва.

„Има различни мислења, но мислам дека сум подготвен за оваа должност. Благодарен сум затоа што ми се верува. Ако некој друг биде капитен покрај мене, немам проблем со тоа бидејќи јас сум еден од лидерите на овој тим. Неколку од нас постарите играчи го водиме тимот на теренот, каде што мора да се заслужи почит“, рече Касемиро на прес-конференција.

Нејмар по заминувањето на Тиаго Силва би можел да ја добие и капитенската лента, но веќе подолго време не сака да биде капитен. По Светското првенство во 2018 година, тој се договори со тогашниот селектор Тите дека повеќе нема да ја има таа должност или одговорност.