Connect with us

Фудбал

Бразилската легенда ја обвинува англиската: Не знае многу за фудбал

Поранешниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос изјави дека Рој Хоџсон не знае многу за фудбалот и потсети на соработката со англискиот тренер во Интер во сезоната 1995/96.

„Хоџсон ме уништи. Ме натера да играм централен играч за врска. Немав шанси со таква игра да влезам во бразилската репрезентација, а 1997 година беше Копа Америка“, изјави Карлос.

Легендарниот лев бек забележува дека имал добри односи со Хоџсон.

„Не е дека не се согласувавме добро. Тој едноставно не знаеше многу за фудбалот. Разговарав со претседателот на Интер, Масимо Морати и го замолив да ме пушти да го напуштам клубот“, додаде тој.

Карлос на крајот од сезоната 1995/1996. се пресели во Реал Мадрид и за 11 години поминати во Кралскиот клуб, меѓу другото, три пати ја освои Лигата на шампионите.