Connect with us

Фудбал

Брилијантниот Бензема за седум минути постигна хет-трик

Реал Мадрид во моментов му гостува на Ваљадолид во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига, а на полувремето веќе стигна до убедливо водство од 4:0. Лука Модриќ првиот дел од натпреварот го мина на клупата за резервни играчи, а тие 45 минути ги одбележа шоуто на Карим Бензема, кој во периодот од 29. до 36. минута постигна три гола.

Реал Мадрид на последните 14 првенствени средби нема пораз од Ваљадолид, а веќе во првото полувреме докажа дека има намера да ја продолжи таа серија, која вклучува 12 победи и две нерешени. Вкупно Реал на тие 14 натпревари постигна 34 гола. Карим Бензема за прв пат во кариерата постигна хет-трик за Реал веќе во првото полувреме.