Connect with us

Фудбал

Брилијантниот Лукаку го турка Интер кон Лигата на шампионите

Во 31. коло во Серија А, фудбалерите на Интер на гостински терен го победија Емполи со 2:0 и со тоа ја продолжија трката за место во Лигата на шампионите.

Миланезите се во нови околности, односно откако му беа вратени 15 бода на Јувентус се петти со два бода помалку и натпревар повеќе од Рома која е во зоната на пласман во елитното клупско натпреварување на Стариот континент, додека Емполи е на 15. позиција со 32 бода.

Интер беше многу подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот, а најголемата заслуга за прекин на серијата во која освои само бод на последните пет меча имаше Ромелу Лукаку.

Белгискиот репрезентативец им донесе предност на гостите со прецизен удар по земја во 48. минута, а во 76. минута соло акцијата ја заврши со ефектен гол за само петти гол во првенството оваа сезона.