Connect with us

Фудбал

Буфон за проблемите на Јувентус со законот: Не сакам да кажам нешто глупаво, но…

Џанлуиџи Буфон се прашува зошто на Јувентус му се закануваат одземање бодови поради начинот на водење бизнис, што, како што вели, е вообичаено и во другите клубови. Легендарниот голман на италијанската репрезентација и Јувентус, сега веќе 45-годишен чувар на мрежата на Парма, е сигурен дека цените во трансферите на играчи се надувуваат и во другите клубови.

Поради ова, Јувентус е под надзор откако неодамна му беа одземени и вратија 15 бода поради наводни финансиски малверзации. Сè уште му се заканува казна и одземање бодови бидејќи е обвинет дека систематски го преувеличува надоместокот договорен со други клубови, односно продавал играчи по нереално високи цени. Наводно Јувентус го направил ова за да ги балансира финансиите на клубот.

„Искрено, тоа ме изненадува. Имам само површно разбирање за тоа што се случи, па не би сакал да навлегувам премногу во тоа и да ризикувам да кажам нешто глупаво, но ми изгледа нормално. Како и да е, не е мое да судам“, изјави Буфон.