Фудбал
Челзи сака да го врати Лукаку
Доколку успее да се договори со Маурисио Покетино, Челзи ќе го врати и Ромелу Лукаку.
Со доаѓањето на нов менаџер ќе има промена во тимот во летниот преоден рок. Првата цел во овој поглед е враќањето на Ромелу Лукаку, пишува британски Телеграф.
Белгискиот фудбалер веќе подолго време има проблем со повредите, поради што оваа сезона не блеска во Интер.
Приоритет на Челзи ова лето е да го среди составот, со само неколку квалитетни засилувања доколку тоа се покаже можно.
Најголемите прашалници висат на напаѓачките и голманските позиции, но Покетино можеби ќе сака да работи со Лукаку, доколку ја покаже вистинската желба и Армандо Броха, кој ја пропушти сезоната поради повреда.
За почеток, Челзи треба да ја официјализира соработката со Покетино.