Connect with us

Фудбал

Де Лаурентис за натпреварот против Звезда: Игравме против публиката

На синоќешниот натпревар помеѓу Црвена звезда и Наполи (0:0) присуствуваше и претседателот на италијанскиот тим Аурелио Де Лаурентис.

Де Лаурентис не беше задоволен од исходот на натпреварот, затоа што Наполи беше многу подобар на теренот, но ја пофали одличната атмосфера на стадионот истакнувајќи дека неговите играчи играа против навивачите.

„Ваков стадион и амбиент не гледате секаде. Игравме против публиката, навивачите, а не против Звезда. И во Наполи е слично, единствената разлика е тоа што овие навивачи пеат во текот на целиот натпревар. Моите играчи заспаа како да се бебиња во мајчина прегратка… Затоа не победивме“, кажа првиот човек на Наполи после натпреварот.

Ремито со Црвена звезда веќе го архивираа во Наполи и се свртија кон остатокот од натпреварувањето. Следен противник на Наполи во Лигата на шампионите е Ливерпул, кој синоќа на Енфилд го порази ПСЖ со 3:2.