Фудбал
Дел Пјеро: Не ми се допадна играта на Влаховиќ, тој има квалитет…
Алегри, пак, му даде шанса на Влаховиќ, наведувајќи дека головите ќе дојдат и се надева дека тоа ќе бид на следниот меч против Сампдорија во Серија А.
„Не ми се допадна играта на Душан Влаховиќ против Фрајбург, можеби е психолошка бидејќи дресот на Јувентус е „тежок“, но тој има квалитет и најважно е да остане смирен, изјави легендарниот капитен на Јувентус“, Алесандро Дел Пјеро.
Del Piero on Vlahovic:
"We all believe he has the qualities to score goals. I didn't like him today, there were a couple of situations where you have to be able to at least get a shot on goal. The Juve shirt weighs heavily and the games in which you don't score count for a lot." pic.twitter.com/Kac1K22S9j
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) March 10, 2023
Јувентус синоќа го совлада Фрајбург со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа, а Влаховиќ петти меч по ред не постигна гол.
„Сите сме свесни дека тој има квалитет да ги тресе мрежите. Затоа не ми се допадна што не ни шутна во некои ситуации. Важно е Влаховиќ да ја ужива довербата на тренерот Масимилијано Алегри и навивачите“, изјави Дел Пјеро за италијанскиот „Скај спорт“.