Connect with us

Фудбал

Двајца играчи на Барса одбија намалување на платата, ова е проблем за враќањето на Меси

Лионел Меси би можел да се врати во Барселона на крајот од оваа сезона, но каталонскиот гигант за таа работа мора да плати огромна сума на пари, но и да ги почитува правилата на финансискиот фер-плеј. Дел од решението е намалување на платите на некои играчи, но не сите се задоволни поради тоа и одбиваат да постапат според инструкциите на клубот.

Франк Кесие и Андреас Кристенсен го одбија предлогот на клубот за намалување на платата и со тоа директно се спротивставија на желбата на клубот кој мора да ги намали трошоците за приближно 200 милиони евра доколку сака да донесе звучно засилување во летните месеци. Меси е под договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната и се повеќе се шпекулира за негово враќање во Барселона. Оваа желба не ја кријат ниту челниците на клубот, ниту некои истакнати првотимци, но Кесие и Кристенсен се уште не отстапуваат од својата позиција.