Connect with us

Фудбал

Емотивна сцена по финалето на купот. Модриќ и рекол на ќерка си: Ќе бидеш подобра од тато (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал го освоија Купот на кралот со 2:1 со победата против Осасуна. Лука Модриќ играше од 82. минута и со тоа го освои 23. трофеј во дресот на Мадрид. По натпреварот фудбалерите на Реал ја прославија победата со своите семејства кои истрчаа на теренот.

Семејството Модриќ се симна на теренот и сите заедно играа фудбал. Камерите уловија и посебен момент помеѓу Модриќ и неговата ќерка, кој брзо стана вирален на социјалните мрежи меѓу воодушевените навивачи на Реал.

„Да, сигурно ќе бидеш подобра од татко ти“, ѝ рекол Модриќ и ја прегрнал во текот на играта, а токму тогаш пред нив се појавила телевизиска камера која засекогаш го снимила тој момент.