Connect with us

Други спортови

Еспаргаро имаше операција на подлактицата, вели дека е подготвен за трката

Возачот на Априлија, Алес Еспаргаро, имаше операција на десната подлактица на само десет дена пред почетокот на првите тренинзи во новата сезона во Мото ГП и е во вистинска трка со времето за да биде подготвен за возење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleix 41 (@aleixespargaro)

Алес Еспаргаро почувствува проблеми при тестирањето во Портимао, по што беше префрлен во болница, а во вторникот веќе беше опериран.

Операцијата беше извршена во Барселона откако минатиот викенд се соочи со бројни проблеми при тестирањето токму поради повредата, а кога заврши со треска, беше пренесен во болница.

„Операцијата е завршена. Чувствував голем притисок во подлактицата, сега се е решено и подготвен сум да се тркам“, изјави Еспаргаро на социјалните мрежи.

А дали навистина ќе биде подготвен ќе видиме за десетина дена.