Други спортови
Ферстапен: Ми требаше одмор
Макс Верстапен, актуелниот светски шампион во Формула 1, призна дека му се допаднала тринеделната пауза.
По болеста, Холанѓанецот ја возеше трката во Џеда, каде беше втор зад својот клупски колега од Ред Бул, а потоа, недоволно закрепнат, славеше во Мелбурн.
„Уживав во мојот одмор. Во Џеда не се чувствував добро, во Мелбурн беше подобро, но не бев најдобро. По овие три недели се враќам на 100 проценти. Поминав две недели дома, ги наполнив батериите и едвај чекам да започне тркачкиот викенд во Азербејџан“, изјави Холанѓанецот.
Тркачкиот викенд во Баку започнува во петок со бесплатен тренинг.