Други спортови
Фетел: Додека имаме шанси ќе се бориме за титулата
Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел беше разочаран по вчерашната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Тој заврши на третата позиција и ја зголеми негативата во генералниот пласман во однос на лидерот Луис Хамилтон.
– Не извозив како што можам и умеам. Ако и на следните трки се покажам во вакво издание тогаш немам шанси. Треба што побрзо да го заборавам Сингапур и да се фокусирам на следните предизвици. Се уште постојат шанси за шампионскиот трофеј и се додека има теорија ќе се борам за врвот, изјави Германецот.
Фетел во вкупниот поредок има 241 бод, 40 помалку од лидерот Хамилтон од Мерцедес.