SPORTM.mk
Фиго: Реал Мадрид мораше да го потпише Холанд пред Борусија
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго смета дека „кралевите“ требало да го купат Ерлинг Холанд пред да го стори тоа Борусија Дортмунд.
„Реал Мадрид мораше да го потпише пред Борусија. Тој постигна многу голови, тој беше создаден за одлични работи. Реал Мадрид требаше да дејствува порано. Ова е прашање за скаутите“, изјави Фиго.
Деветнаесетгодишниот Норвежанец постигна 12 голови на 11 натпревари за Дортмунд по трансферот од РБ Салцбург.