Connect with us

Фудбал

ФОТО: Колку гласови доби Лука Модриќ? Меси едвај во Топ 5 …

Вчера вечер, во Лондон, беа доделени наградите на ФИФА за најдобрите во изминатава сезона, а најпрестижната награда за најдобар играч, замина на рацете на Лука Модриќ.

Лука Модриќ освои најголем број гласови од селекторите и капитените на репрезентациите членови на ФИФА, додека во трка за споменатата награда беа Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.

Тројцата беа избрани во поширока конкуренција по првиот круг на гласање во кој имаше повеќе кандидати.

Лука Модриќ освои 29,05% од гласовите, додека Кристијано Роналдо освои 19,08% од гласовите. Мохамед Салах 11,23% од оние со право на глас.

Килиан Мбапе доби 10,52%, додека Лионел Меси доби 9,81% гласа.