Connect with us

Фудбал

Фотографијата на Зидан на Инатаграм ја „запали“ англиската јавност

Францускиот стручњак Зинедин Зидан се уште е без ангажман откако на крајот на минатата сезона ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид.

Зинедин Зидан со Кралскиот клу го направи она што никој не можеше да го направи затоа што три пати последователна ја освој Лигата на шампионите. Меѓутоа на крајот на минатата сезона го шокира навивачите на овој клуб кога одлучи да ги напушти Кралевите, а сега се уште е без ангажман.

Францускиот стручњак кажа дека нема да брза со враќањето на тренерската клупа, но добро ќе размисли доколку добие некоја примамлива понуда. Веќе неколку седмици се шпекулира дека Зидан би можел да го преземе Манчестер Јунајтед, а денеска Зидан ги „распламна“ коментарите.

Имено, Зидан објави слика на Инстаграм и откри дека моментално се наоѓа во Лондон, а англиските медиуми веднаш објавија дека дојде на преговори со Јунајтед. На Олд Трафорд повеќе немаат трпение за Мурињо, а атмосферата во екипата на Црвените ѓаволи е навистина лоша.

За тоа најдобар доказ е денешниот тренинг на кој камерите го забележаа моментот кога Мурињо одби да се ракува Пол Погба. Откако испаднаа од купот се повеќе се зборува за тоа дека Мурињо во наредниот период сигурно ќе го напушти клубот и само се чака Јунајтед да се договори со Зидан.

View this post on Instagram

London❤️???

A post shared by zidane (@zidane) on