Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Сан Марино го собори рекордот. Дебитираше на 40-годишна возраст за националниот тим

Роберто ди Мајо, 40-годишниот стопер, стана најстариот дебитант во историјата кој играл за фудбалска репрезентација. Ди Мајо излезе на теренот во првиот тим на Сан Марино на натпреварот против Северна Ирска на стартот од квалификациите за Европското првенство. Искусниот дефанзивец е роден во италијанскиот град Наполи, но има државјанство на Сан Марино.

Моментално е член на Космос, клуб од Сан Марино, а кариерата ја помина преселувајќи се од еден во друг анонимен италијански нисколигаш. Играше за Кастелнуово, Вентурина, Версилија, Катанзаро, Нечерина, Лече, Римини, Торес… Но никогаш не доби шанса да игра за репрезентацијата. Тој стана рекордер со точно 40 години и 183 дена.