Connect with us

Фудбал

Гатузо во јануари добива големо засилување?

Екипата на Милан планира да преземе сериозен чекор во преоден рок во јануари.

Според италијанските медиуми, желбата на Росонерите во јануари е играчот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас.

Шпанецот уште од почетокот на сезоната не е во плановите на Маурицио Сари, кој се уште му нема дадено шанса во Премиер Лигата, а со оглед дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната, сосема е сигурно е дека во јануари ќе го напушти Челзи.

Наводно Милан планира да направи тандем од Фабрегас и Гонзало Игуаин а лидерите на клубот веруваат дека тоа ќе биде победничка формула во вториот дел од сезоната.