Ракомет
Гедбан им се приклучи на ракометарите на Вардар
Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан пристигна во Скопје и од денеска ќе биде дел од македонскиот ракометен шампион Вардар.
Гедбан има право за настап во групната фаза од лигата на шампионите, бидејќи навреме беше пријавен во Европската ракометна федерација.
-Алжирецот Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим, објавија „црвено-црните“ на клупскиот сајт.