Connect with us

Фудбал

Герет Бејл е еден од првите кој му честиташе на Модриќ

Лука Модриќ вчера ја доби круната на својата кариера затоа што во изборот на ФИФА беше прогласен за најдобар играч на светот.

Модриќ во минатата сезона со Реал Мадрид ја освои третата последователна титула во Лигата на шампионите, но сепак неговиот најголем успех е тоа што со Хрватска играше во финалето од Светското првенство.

Игррачот од средниот ред на Кралевите за наградата за најдобар фудбалер на светот беше во конкуренција со Роналдо и Мохамед Салах, кои на крајот сепак останаа зад него. Еден од првите кои му честиташе на Модриќ за наградата беше неговиот соиграч од Реал Мадрид Герет Бејл.

„Честито пријателе мој. Неверојатен играч кој имаше неверојатна сезона“, напиша Бејл на својот Твитер профил.