Connect with us

Фудбал

Германскиот клуб ги казни играчите затоа што времето помеѓу тренинзите го минувале со пиење ракија

Германски 1860 Минхен е еден од клубовите што ја основале Бундес лигата, но денес се натпреварува само во третото ниво на германскиот фудбал. Веќе 19 години популарниот Сехз’гер не е во првиот круг, а ни по оваа сезона нема да биде поблиску до тоа. Не успеаја да стигнат до Бундеслига 2, па ги чека уште една сезона во третата лига.

Покрај резултатската криза, поради која сезонава веќе сменија тројца тренери, челниците на овој германски клуб ги мачат и проблеми во соблекувалната. Билд денеска објави дека тројца играчи се казнети откако било откриено дека времето го поминувале со ракија пред и меѓу тренинзите.

Избегнаа суспензија, како и парични санкции, наводно поради недостиг на докази, но се најдоа на црната листа. Нивниот договор истекува на крајот од сезоната и нема да добијат нов, но ќе бидат во составот за следниот првенствен натпревар против Сарбрикен.