Фудбал
Германците ги исмеваат Кан и Салихамиџиќ: „Јулијана, пијани сме, прости ни и врати се“
Германските медиуми брутално го напаѓаат Баерн по катастрофата на „Етихад“. Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Сити ги совлада Баварците со 3:0, а според прикажаната игра резултатот можеше да биде уште попогубен за шампионот на Германија. Веднаш по натпреварот, дел од германските медиуми почнаа да ја критикуваат одлуката на раководството на Баерн, која неодамна го отпушти тренерот Јулијан Нагелсман и го смести Томас Тухел на клупата.
Најдалеку отиде најпознатиот германски сатиричен портал „Der Postillon“ , кој објави сатиричен текст во кој ја исмева одлуката Салихамиџиќ и Кан да го отпуштат младиот тренер.
Текстот започнува со наслов: „Жал ни е… Направивме грешка – Кан и Салихамиџиќ пијани во ноќта го бараат Џулијан Нагелсман“.
Во текстот е измислена целата приказна за тоа како Кан и Салихамиџиќ го молеле Нагелсман по натпреварот да се врати.
„Ноќно нарушување на редот и мирот во куќата на Нагелсман. По поразот од Сити, на поранешниот тренер на Баерн пијан во ноќта му звонат Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, кои го молеа да се врати во Баерн“, стои на почетокот на текстот, а потоа следува измислен разговор:
„Здраво Џулијан. Веројатно се прашуваш зошто ти се јавуваме. Дали некогаш размислуваш за нас? Сè уште немаш клуб, нели? Сакаме да се вратиш, прости ни, направивме грешка“. рекоа Салихамиџиќ и Кан во овој генијален текст.
Секако, според приказната на Der Postillon, која не се случи, Нагелсман им ја спуштил слушалката на Кан и Салихамиџиќ и ги оставил да жалат за тренерската одлука што ја донеле неодамна.