Connect with us

Ракомет

Германците во шок поради пропустот во организацијата: Се посрамотивме пред цел свет

Ракометната репрезентација на Германија со победа од 26:24 против Исланд влезе во второто коло на Европското првенство. Така домаќинот на еврото ги освои првите бодови во втората фаза од натпреварувањето и моментално е пред Хрватска со бод повеќе. Исланд е единствената репрезентација без бодови.

Сепак, средбата ја одбележа големата организациона грешка пред почетокот на натпреварот. Имено, исландската химна е пуштена на сосема погрешен начин. Исландските играчи беа подготвени да пеат, но потоа беа непријатно изненадени од „слабиот и скршен звук што доаѓаше од звучниците“, како што ја опишаа ситуацијата германските медиуми.

Имено, отсвирена е песна која навистина е исландска химна, но во непрепознатлива и искривена форма, со пребрзи тактови и целосно нејасна мелодија која не ја препознаа ниту некои исландски играчи.

Ова е посебен пресврт бидејќи германски селектор е Исланѓанецот Алфред Гисласон. Денови пред мечот поради него се зборуваше за химните, а тој најави дека ќе ги пее и двете. Непријатната ситуација траела околу 20 секунди се додека еден од организаторите јасно не му сигнализирал на диџејот во салата да престане да ја пушта химната.

Потоа следеше минута прекин додека организаторот не ја пушти вистинската верзија на химната на Исланд. Германските медиуми жестоко „распалија“ по нивната организација на натпреварот. Билд пишуваше за мегакиксот, додека Велт напиша дека тие се „посрамотија пред целиот свет“.