Connect with us

Фудбал

„Го чекаме одговорот на Анчелоти до 25 мај“

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), Едналдо Родригез изјави дека е подготвен да почека уште еден месец за одговорот на тренерот на Реал, Карло Анчелоти на понудата италијанскиот стручњак да ја преземе селекцијата на Бразил, пренесуваат шпанските медиуми.

Родригез објасни дека се надева дека ќе може да го објави името на новиот тренер до 25 мај.

„Пред да размислувам за планот Б, сакам да ги исцрпам сите можности од планот А“, рече Родригез и повтори дека Анчелоти е неговиот прв избор за нов селектор на Бразил.

Анчелоти има договор со Реал до 30 јуни следната година, а пред неколку недели потврди дека добил понуда да ја преземе репрезентацијата на Бразил. Неколку пати повтори дека сака да го заврши договорот со мадридскиот клуб.

Селекцијата на Јужна Америка моментално е без селектор, бидејќи Тите беше сменет по елиминацијата на Бразил од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Локалните медиуми пишуваат дека доколку Анчелоти одбие да го преземе Бразил, кандидати за нов селектор ќе бидат тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз, првиот стручњак на Палмеирас, Абел Фереира и шефот на тренерската палка на Фенербахче, Жорж Жесус.