Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП-листата

Холегер Руне, 20-годишниот дански тенисер, е првиот полуфиналист на земјениот АТП Мастерс 1000 турнир во Рим, откако победи во три сета против Новак Ѓоковиќ, играч број еден во светот. Руне го совлада српскиот играч со 6:2, 4:6, 6:2 и во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Черундоло.

Да додадеме дека Ѓоковиќ во неколку наврати во текот на натпреварот  покажуваше голема нервоза. Се расправаше со Горан Иванишевиќ и со остатокот од тимот, како и со судијата. Во еден момент Ѓоковиќ се сврте кон Иванишевиќ и почна да вика дека сите се збунети и дека тој сам си игра и наоѓа решенија. Тој беше особено див во третиот сет кога Данецот набрзина со два брејка отиде на огромни 4:0.

Тоа беше трет меч меѓу Руне и Ѓоковиќ во кариерата и втора победа за данскиот играч. Со пласманот во четвртфиналето, Ѓоковиќ спаси само 180 поени, па на новото АТП рангирање кое ќе биде објавено в понеделник ќе има 860 поени помалку од Шпанецот Карлос Алкараз кој е на првото место. Ѓоковиќ би можел да падне на третото место доколку Данил Медведев го освои турнирот во Рим.