Connect with us

Фудбал

Голем кикс на „Милионерите“ – Испуштија бодови да го достигнат Баерн на врвот

Во дербито, Шалке на домашен терен ремизираше со Борусија Дортмунд во натпреварот од 24.коло во Бундес лигата.

Натпреварот заврши 2:2, а гостите не успеаја да се израмнат со лидерот Баерн на врвот со кикс против претпоследниот тим во лигата.

Борусија поведе со голот на Шлотербек во 38. минута. Бултер израмни во 50. минута, а Гереиро десет минути подоцна им донесе предност на гостите од Дортмунд. Сепак, Караман погоди во 79. за конечни 2:2.