Фудбал
Голманот на Дортмунд Кобел на мета на Челзи и Јунајтед
Според германските медиуми, Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел.
Швајцарскиот репрезентативец оваа сезона брани извонреден за жолто-црните и го привлече вниманието на другите клубови. Како што се наведува, Челзи и Манчестер Јунајтед летово се обидуваат да ја зголемат конкуренцијата на голманската позиција.
„Одбраните на Кобел не останаа незабележани. Посебно го следат во Манчестер Јунајтед и Челзи. Дознавме дека пред натпреварот на Стемфорд Бриџ, луѓе од Челзи одржале состанок со претставникот на агенцијата која го претставува Кобел“, објави известувачот на Спорт1, Патрик Бергер.
Кобел поради повреда не бранеше на реваншот во Лондон.
25-годишниот голман има договор со Борусија до 2026 година, но нема откупна клаузула. Тоа значи дека богата понуда би го натерала Дортмунд во договор со Кобел да размисли и евентуално да го прифати трансферот.
Кобел професионалната кариера ја започна во Хофенхајм, а пред Дортмунд бранеше во Аугсбург и Штутгарт. Четири пати бранеше за репрезентацијата на Швајцарија.
🚨 Chelsea and Manchester United are both interested in Borussia Dortmund‘s Gregor Kobel.
They have met with the agent of the Swiss goalkeeper. The 25-year-old has a contract until 2026; there is no release clause.
He wants to stay at least one more year with BVB. The… https://t.co/Olkrnw6mGY pic.twitter.com/l7eUETk1Ea
— Chelsea Dodgers 🧢 (@TheBlueDodger) March 14, 2023