Connect with us

Фудбал

Халанд постигна 34 гола на 35 натпревари. Гвардиола: Може тој уште подобро

Манчестер Сити и Лајпциг вечерва во Манчестер го играат реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши 1:1. Стрелец на голот за Сити беше Махрез, а за Лајпциг Јошко Гвардиол. Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги изненади медиумите на прес-конференцијата во пресрет на реваншот со изјавата дека не е целосно задоволен од настапот на норвешкото чудо Ерлинг Халанд. Халанд постигна дури 34 гола на 35 натпревари оваа сезона, но Каталонецот верува дека може повеќе.

„Важно е да знаете дека не ми се допаѓа кога играчите само постигнуваат голови од шеснаесетникот. Да, важно е и ние сакаме Ерлинг да го направи тоа, но ако е далеку од противничкиот гол, сакаме тој да биде активен. Мора да учествува во играта. Долбар е, но може уште подобро“, изјави Гвардиола.