Фудбал
Храбрата Херта му го зеде скалпот на Баерн Минхен
Херта на отворањето на 6. коло од Бундеслигата на својот стадион ја совлада екипата на Баерн Минхем.
Ова беше дуел на стари познаници и екипи кои моментално се на врвот на германскиот шампионат, а тимот од Берлин на крајот славеше победа со 2:0 и бодовно се изедначи со Баерн.
Домаќинот навистина храбро влезе во овој натпревар и од самиот старт покажаа дека нема да биде лесен залак. До предност стигнаа во 23. минута кога главниот арбитар по прекршокот на Боатенг над фудбалерот на Херта покажа на белата точка, а нај строгата казна во гол ја претвори Ведад Ибишевиќ
Баерн немаше адекватен одговор после примениот гол, додека Херта продолжи со храбрата игра, која се исплати во финишот на вториот дел кога за 2:0 погоди Дуда.
Во второто полувреме Баерн започна со по офанзивна игра. Избраниците на Коваќ имаа многу шанси, но Херта одлично се бранеше и на крајот ја сочува мрежата недопрена.