Други спортови
И Алкараз се откажа од Монте Карло
По Рафаел Надал, Монте Карло остана и без вториот најпопуларен шпански играч.
Карлос Алкараз, вториот тенисер во светот, објави дека и тој нема да игра на овогодинешниот турнир од Мастерс серијата во Кнежеството, кој започнува во недела на 8 април.
„По два месеци од турнирот, среќен сум што се вратив дома, но тажен затоа што со проблеми го завршив полуфиналето во Мајами. По консултација со мојот лекар, нема да можам да ја започнам сезоната на земјена подлога во Монте Карло“, изјави Алкараз.
Шпанецот имаше одлични резултати на американската турнеја каде го освои Индијан Велс, додека во Мајами беше елиминиран во полуфиналето.
Покрај Надал и Алкараз, од турнирот се повлече и Канаѓанецот Огер-Алијасим, кој има проблеми со повреда на левото колено.