Фудбал
Ибра на излезна врата во Милан
Според италијанскиот „Футмеркат“, Милан нема да го продолжи договорот со Златан Ибрахимовиќ.
Договорот на 41-годишниот шведски напаѓач истекува во јуни, а на Сан Сиро веќе прават планови без својата ѕвезда. Оваа сезона, тој одигра само четири натпревари бидејќи паузираше седум месеци поради операција на коленото.
Сеуште не е познато дали Ибрахимовиќ ќе се пензионира, но некои извори пишуваат дека тој е во преговори со Монца, клуб од средината на табелата во сопственост на Силвио Берлускони, долгогодишниот претседател на Милан.
Милан го очекува четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Наполи, додека во Серија А се бори следната година да игра во елитното европско натпреварување, односно да се најде меѓу четирите првопласирани екипи.