Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ го собори рекордот и доби овации од целиот стадион

Белгија ја победи Шведска на гости со 3:0 во првото коло од квалификациите од групата Ф за Европското првенство. Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку постигна хет-трик за белгиската репрезентација. Иако не постигна гол, настапот на Златан Ибрахимовиќ беше доволен да го одбележи овој натпревар.

Ибрахимовиќ влезе во игра во 73. минута и со тоа стана најстариот играч кој некогаш се појавил во квалификациите за ЕП. Навивачите го поздравија со овации. Златан има 41 година и неодамна се опорави од операцијата на коленото. Тој пред овој натпревар изјави дека е минатото, сегашноста и иднината на Шведска. Тој постигна најмногу голови во историјата на шведската репрезентација – 62.