Фудбал
Интер и Манчестер Јунајтед договориа голема размена во Јануари
Летниот преоден рок во повеќето европски лиги заврши кон крајот на минатиот месец, но сега започнаа шпекулациите за трансферите кои би можеле да се остварат во јануари.
Многу фудбалски клубови не успеаа да ја остварат зацртаната цел ова лето што се однесува до трансферите и веќе работат на трансферите кои би требало да се остварат во јануари. На листата на овие клубови е Манчестар Јунајтед кој ова лете не беше многу активен на трансфер пазарот, а поради тоа Жозе Мурињо искажа големо незадоволство.
Јасно е дека во неговите планови го нема Антони Марсијал за кој на „Островот“ се зборува со недели. Челниците на Манчестер Јунајтед беа против неговата продажба ова лето, но сепак изгледа дека Мурињо успеа да ги наговори и францускиот напаѓач најверојатно во почетокот на 2019. година ќе го промени клубот.
Наводно, Црвените ѓаволи веќе се впуштиа во акција, а како што пишуваат англиските медиуми, постигнале договор со Интер. Доколку се биде како што е планирано тогаш Мартиал заминува за Италија, додека во спротивна насока треба да замине Иван Перишиќ кој веќе долго време е голема желба на Мурињо. Не е познато дали во трансферот ќе бидат вклучени и парични средства.