Connect with us

Фудбал

Јунајтед го сака Ковачиќ ова лето. Се знае и колку би платил на Челзи

Веќе извесно време сериозно се зборува за заминувањето на Матео Ковачиќ од Челзи. Хрватскиот репрезентативен играч за врска за пет години во клубот од Стемфорд Бриџ одигра 220 натпревари и ја освои Лигата на шампионите, но според англиските медиуми се чини дека е дојдено време за промена во средниот ред.

Островските медиуми веќе со недели пишуваат за интересот на трите фудбалски гиганти, но официјална понуда од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Баерн се уште не е пристигната. Сепак, се чини дека едно угледно име веќе ги направи првите конкретни чекори.

Манчестер Јунајтед сака дополнителен квалитет во врската, а изворите на „Football Insider“ открија дека нивните скаути внимателно ја следат ситуацијата на Ковачиќ на Стемфорд Бриџ.

Ковачиќ, да потсетиме, влегува во последната година од договорот и постои сериозна можност Челзи наскоро да одлучи да го продаде, особено ако се потврдат приказните, според кои дошло до ќорсокак во преговорите за продолжување на соработката во Лондон.

„Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да го ангажира Ковачиќ доколку Челзи ја намали цената, но тие се соочуваат со конкуренција, вклучувајќи го и Манчестер Сити. Челзи ќе бара 30-40 милиони фунти за да го пушти Ковачиќ ова лето“, пишува „Football Insider“, кој стави во насловот на текстот дека Јунајтед е „подготвен да се согласи на барање тешко 30 милиони фунти (34,5 милиони евра)“.