Фудбал
Јунајтед убедлив, Костиќ асистираше за победа на Јуве
Во осминафиналните натпревари од Лигата на Европа одиграни од 21:00 часот предност имаа екипите на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Севиља.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекаа тимот на Бетис и дојдоа до големо водство пред реваншот во Севиља – 4:1.
Тоа беше првиот меч на „црвените ѓаволи“ по дебаклот во големото дерби во Премиер лигата против Ливерпул (0:7) во кое покажаа дека второто полувреме на „Енфилд“ е само моментална колективна слабост на целиот тим.
Се започна со поништениот гол на Воут Вегхорст , но само една минута подоцна, Бруно Фернандеш кој беше критикуван во последните денови ја започна акцијата , топката дојде до Маркус Рашфорд по одбивањето , следеше силен и прецизен удар и голманот Клаудио Браво не можеше да направи ништо – 1:0.
Фудбалерите во црвени дресови продолжија со нападите, но 39-годишниот Чилеанец во неколку наврати одлично реагираше на голот на Бетис. А потоа наместо вториот гол за домашните, се затресе мрежата на Јунајтед. Хуанми на другата страна го најде Ајозе Перез , а поранешниот играч на Њукасл и Лестер со одличен удар го чекираше Давид Де Хеа .
На крајот од првото полувреме, Шпанците можеа да направат пресврт, Де Хеа погреши, комбинацијата Хуанми-Перез повторно проработи , овој сакаше да игра покрај ветеранот Хоакин , но топката го фати Бруно Фернандеш и ја погоди стативата.
На трибините на „Олд Трафорд“ се најде и легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон . Тој можеше да биде задоволен од тоа како одиграа играчите на Манчестер Јунајтед во вториот дел.
Се играше 52. минута кога домашните повторно поведоа, тоа беше фантастичен удар на Бразилецот Антонио од левата страна. А потоа шест минути подоцна уште еден гол во мрежата на Клаудио Браво. Корнер изведе Лук Шо, а Бруно Фернандес одлично изведе и ја затресе мрежата на Бетис со глава.
Конечниот резултат го постави Вегхорст во 82. минута , откако забележа отклон по ударот на Мектоминеј – 4:1 .
Во Торино, Јувентус беше домаќин на тимот на Фрајбург. Костиќ одлично нафрли од левата страна, а Анхел Ди Марија со глава го погоди голот на германскиот тим. Тоа беше четврти гол на искусниот Аргентинец во последните три натпревари во Лига Европа.
Германците израмнија во 62. минута со голот на Лукас Холер , но голот беше поништен откако ВАР утврди дека на акцијата и претходела игра со рака.
Шахтјор од Доњецк му гостуваше на Феенорд во Варшава и тој дуел заврши без победник – 1:1. Двата гола беа видени на крајот од натпреварот.