Connect with us

Фудбал

Каземиро како легендарниот Видиќ, но не баш за пофалба

Англичаните објавија (не)обична статистика за сегашниот и поранешниот ас на Манчестер Јунајтед.

Бразилецот Касемиро се покажа како големо засилување за Манчестер Јунајтед откако летово пристигна од Реал Мадрид. Сепак, на последниот премиерлигашки натпревар против Саутемптон ги остави своите соиграчи на цедило. По непромислениот старт во 34. минута, доби директен црвен картон и Јунајтед освои само бод со играч помалку (0:0).

Веќе вторпат сезонава Бразилецот е исклучен на натпревар од Премиер лигата. Тој претходно поцрвени на 4 февруари во мечот со Кристал Палас, кој исто така заврши нерешено (1:1).

Така Касемиро стана првиот играч на Манчестер Јунајтед кој добил два црвени картони во иста сезона во Премиер лигата по 2013/14 година кога истото му се случи на Немања Видиќ. „Српската карпа“, како што го нарекуваа поранешниот дефанзивец на Црвена звезда во Англија, доби црвени картони во 22. и 30. коло против Челзи (1:3) и Ливерпул (0:3).

На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ова не е единствениот податок во кој Касемиро ќе се израмни со српскиот ас. Немања Видиќ е легенда на Манчестер Јунајтед, на „Олд Трафорд“ мина осум сезони и во последните години беше капитен на тимот.