Connect with us

Фудбал

Киелини нему даде ниту еден глас на својот тренер Алегри

Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џорџио Киелини поради гласањето на ФИФА изборот на најдобрите за минатата сезона, го навлече на себе гневот на италијанската јавност.

Киелини кај гласањето за тренер на годината, пет поени му додели на Дидие Дешам, три на Зинедин Зидан, додека еден поен од неговото гласање отиде на контото на Гарет Саутгејт.

На капитенот на „Азурите“ му се замерува што ниту еден глас не му додели на својот тренер Масимилијано Алегри, кој зад себе имаше одлична сезона.

Што се однесува за гласањето за најдобри фудбалери, Киелини пет поени даде за клупскиот колега Кристијано Роналдо.