Connect with us

Фудбал

Клоп ќе ги сонува: Мадрид по петти пат е кобен за Ливерпул

Германскиот тренер на клупата на Ливерпул нема решение за Мадрид.

Реал со двете победи против Ливерпул сосема заслужено се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По повеќе од убедливи 5:2 на Енфилд, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше 1:0.

Ова е петти пат во последните шест години на клупата на Ливерпул Јирген Клоп да биде елиминиран од Лигата на шампионите од клубови од Мадрид – четири пати од Реал, еднаш од Атлетико.

Само во сезоната 2018/19 не се сретна со екипи од главниот град на Шпанија, а потоа ја освои Лигата на шампионите. Во сите други сезони тој испаѓаше од Реал или Атлетико.

Настапот на Ливерпул во Лигата на шампионите под водство на Јирген Клоп изгледа вака:

2017/18: Пораз од Реал Мадрид во финалето во Киев (1:3)

2018/19: Ја освои Лигата на шампионите победувајќи го Тотенхем во финалето (2:0)

2019/20: Елиминиран во осминафиналето од Атлетико Мадрид (0:1 – 2:3)

2020/21: Елиминиран во четврт-финалето од Реал Мадрид (1:3 – 0:0)

2021/22: Пораз од Реал Мадрид во финалето во Париз (0:1)

2022/23: Елиминиран во осминафиналето од Реал Мадрид (2:5 – 0:1)