Connect with us

Фудбал

Клоп: Никогаш не сум видел нешто слично, тој човек заслужува голема почит

Ливерпул и Челзи оваа сезона го играат можеби најдобриот фудбал и тоа на крајот донесе резултати, па Редси ги имаат сите шест победи во Премиер лигата, а Плавите предводени од Сари имаат пет победи и едно реми.

Сега, односно овој викенд на Стемфорд Бриџ ќе се сретнат овие две исклучително напаѓачки ориентирани екипи и тоа ќе биде вистински спектакл.

„Тоа е најголемата промена која сум Ј видел во толку краток рок. Стилот потполно е различен, Да бидам искрен, не можам да верувам каков менаџер е Сари. Прилично го поддржувам затоа што го гледав неговиот Наполи. Играа извонреден фудбал, а сега тоа го прави и во Челзи иако само што пристигна“, порача Клоп, па додаде:

„Еден Азар не беше тука во припремниот период, како и Жиру, Канте… Но тој за кратко време сето го средил. Моето големо почитување за Сари и неговата работа. Прави одлична работа. Лугето зборуваа само за Сити, го заборавиа Челзи. Овај тим е искусен и 80 проценти од екипата два пати ја освоиа титулата, знаат како сето тоа функционира… Челзи е квалитетен тим“.

Натпреварот Челзи – Ливерпул се игра во сабота на Стемфорд Бриџ во 18:30 часот.