Connect with us

Фудбал

Костиќ му пресуди на Интер на Меаца!

Филип Костиќ е херојот на Торино. Во најголемото италијанско дерби, благодарение на голот на српскиот претставник, Јувентус го совлада Интер со 1:0 на гостувањето на стадионот „Џузепе Меаца“.

Моментот на одлука се случи во 23. минута кога Костиќ со одличен удар го совлада Онана. Потоа следеше проверка на ВАР дали на голот му претходела игра со рака. Кога се потврди дека се работи за гол, следуваше големата радост на фудбалерите на Јувентус.

Дербито не беше претерано интересно. Во првото полувреме Интер имаше повеќе посед на топка, повеќе удари кон голот, но без посериозни прилики.

Во останатиот дел од натпреварот натпреварот беше изедначен и Јувентус горе-долу рутински ја сочуваше стекнатата предност.

Интер е трет во поредокот со 52 бода, додека Јувентус и покрај тоа што му беа одземени 15 бодови, се најде на седмото место со 41 бод и се уште има шанси за Европа.