Connect with us

Фудбал

Ковачиќ се понудил на клуб од Италија? „Тој сака да го напушти Челзи“

Матео Ковачиќ (28) има договор со Челзи до летото 2024 година, но неколку светски медиуми објавија дека лондонскиот клуб заедно со уште неколку играчи би можел да го продаде во следниот летен преоден рок за следниот да не си замине бесплатно. Италијанскиот медиум „Пијанета Милан“ тврди дека хрватскиот играч за врска се сретнал со техничкиот и спортски директор на Милан, Паоло Малдини и Фредерико Масара во Лондон.

Пианета Милан пишува дека Ковачиќ се понудил на Милан, актуелниот шампион во италијанскиот шампионат. „Поранешниот играч на Реал Мадрид и Интер упати понуда до Милан бидејќи сака да го напушти Челзи на крајот на сезоната. Тој би сакал да се врати во Милан откако со години играше за Интер“, велат Италијанците, без да го наведат изворот на информациите.

Ковачиќ во текот на кариерата играше за Динамо, Интер, Реал и Челзи, а неодамна се пишуваше дека Пеп Гвардиола сака да го доведе во Манчестер Сити. Според Трансфермаркт, хрватскиот репрезентативец вреди 40 милиони евра.